Декември 2018
Известување за неработен ден
12/28/2018 Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод Новогодишните празници, експозитурите на Банката ќе работат со следното работно време:
- Понеделник 31.12.2018 година до 13 часот;
- Вторник 01.01.2019 година неработен ден;
Ви ги честитаме Новогодишните празници и Ви посакуваме успешна и среќна година!
Со почит,
Централна Кооперативна Банка АД Скопје
Предновогодишно дружење
12/20/2018Заедничка акција за изработка на новогодишни честитки со нашите пријателчиња од ОУ „Илинден“, Крива Паланка.
Известување за електронско банкарство
12/20/2018Почитувани клиенти,
Со задоволство Ве известуваме за најновата услуга со електронското банкарство на ЦКБ АД Скопје.
ЦКБ АД Скопје воведе можност за девизни плаќања преку електронското банкарство, што е уште една современа дигитална услуга, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.
Дигиталните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации како и сугестии за системот за Електронско банкарство.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
12/7/2018Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот државен празник Св. Климент Охридски, на 08.12.2018 година (сабота)
експозитурите на Централна кооперативна банка АД – Скопје нема да работат.
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Октомври 2018
Најдобри банкарски службеници за 2017/18 година
10/31/2018Како и секоја година, одбележувајќи го светскиот ден на штедењето, Централна кооперативна банка АД Скопје ги избра најдобрите банкарски службеници, кои се истакнаа во своето работење и покажаа високи остварувања во делот на клиентската услуга и продажбата за 2017/2018 година. Им честитаме на Александра Пачемски – стручен соработник за клиeнтски услуги во експозитурата Стадион и Марија Кљонкова – стручен соработник за клиентски услуги во експозитурата Инвалидски Дом и им посакуваме успех во понатамошното работење!
Известување за неработен ден
10/22/2018
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Ден на македонската револуционерна борба, експозитурите на Централна кооперативна банка АД – Скопје нема да работат на 23.10.2018 (вторник).
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Известување за неработен ден
10/10/2018Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Ден на народното востание, експозитурите на Централна кооперативна банка АД – Скопје нема да работат на 11.10.2018 (четврток).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
10/9/2018Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа за следниве работни места:
1. Соработник за клиентска услуга:
- Експозитура Крива Паланка – 1 лице
- Експозитура Тетово – 1 лице
- Филијала Скопје – 3 лица
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
2. Соработник за работа во благајна во Филијала Куманово – 2 лица
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Високо образование од областа на економските науки или завршено средно економско училиште со најмалку тригодишно искуство со работа во благајна;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност во работењето
За овие работни места предвидена е основна почетна нето плата од 18.000 денари како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 14.10.2018 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
СРЕЌНА СРЕДА ВО CINEPLEXX ЗАЕДНО СО ЦКБ MASTERCARD!
10/2/2018Почитувани корисници на MasterCard Debit картички издадени од Централна Кооперативна Банка: Секоја среда во периодот од 01.10.2018 до 31.12.2018 година, со купување на билет со вашата бесконтактнаЦКБ MasterCard Debit картичка во киното Cineplexx добивате уште еден билет гратис!
Повеќе инфо на следниот линк:https://www.cineplexx.mk/…/specijalni_…/Srekjna_sreda.mk.php