Април 2015
Известување за неработен ден 01.05.2015
4/30/2015Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник „1-ви Мај - Ден на трудот“ експозитурите на Централна кооперативна банка нема да работат во Петок, 01.05.2015 година.
Централна кооперативна банка АД Скопје
ПРАЗНИЧЕН ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД
4/1/2015Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека Централна кооперативна банка ви овозможува во ПРАЗНИЧЕН ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД од 06 до 13 април со Вашите кредитни картички да подигнувате готовина на банкоматите на Банката без никакви надомести и провизии.
Ви благодариме што ги користите нашите производи и услуги и Ви посакуваме пријатни празнични денови.
*Промотивниот период не се однесува на бизнис картичките.
Јануари 2015
Оглас за вработување
1/22/2015ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас бр. 696221 за вработување на едно лице за работна позиција Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, основна почетна плата од 15.000 денари во нето изнoс и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Поседување возачка дозвола „Б“ категорија
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Висок степен на прецизност;
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме испратете го вашето CV на следнава меил адреса: hr@ccbank.mk
Огласот трае заклучно со 30.01.2015 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е 30 дена по истекот на рокот за пријавување.
Известување за неработен ден 19.01.2015
1/16/2015Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод православниот празник Богојавление (Водици), експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на 19.01.2015 (понеделник).
Вработените и менаџментот на Банката Ви го честитаат празникот!
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Известување за неработен ден 06.01.2015 и 07.01.2015 година
1/2/2015Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07),) на 6-ти јануари, 2015 година (вторник)- Бадник и 7-ми јануари, 2015 година (среда) -Божиќ, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат.
Ви ги честитаме празниците и Ви посакуваме здравје, среќа и успех.
Централна кооперативна Банка АД Скопје