Известување за неработен ден
10/21/2016Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник – Ден на македонската револуционерна борба, експозитурите на Централна кооперативна банка АД –Скопје нема да работат на 24.10.2016 (понеделник).
Вработените и менаџментот на Банката Ви го честитаат празникот!
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Известување за нов банкомат
10/20/2016
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека во Скопје, населба Ѓорче Петров, е поставен нов банкомат на ЦКБ во СП ПЛАНЕТ на адреса: ул. „Ѓорче Петров бб вл.1 бр.3а".
Со почит,
Централна кооперативна банка
Известување за неработен ден 11.10.2016
10/10/2016
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод престојниот државен празник –Ден на народното востание, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на 11.10.2016 (вторник).
Вработените и менаџментот на Банката Ви го честитаат празникот!
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Оглас за вработување
10/4/2016Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица заинтересирани за работно место Соработник за правни работи во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна нето плата од 20.000 до 40.000 денари, а главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на застапување на Банката во постапките пред надлежните судови, нотари, извршители и другите органи и институци, изработување на договори (за дело, за соработка, продажба, закуп, залог и други), учествува во изработката на извештаи, планови, програми, анализи и информации и сл.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на правните науки;
- Положен правосуден испит;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ категорија со две годишно возачко искуство;
- Претходно работно искуство во банкарскиот сектор ќе се смета за предност.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 16.10.2016 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308