ccb logo
  • ЗА НАС
    • За ЦКБ АД Скопје
    • За ЦКБ АД Софија
    • Организациона шема
    • Деловна мрежа и работно време
    • Раководство
    • Извештаи за банката
      • Финансиски извештаи
      • Извештаи и податоци
      • Кредитен Реитинг ЦКБ АД Скопје - БАКР АД Софија
    • Меѓународна коресподенција
    • Заштита на лични податоци
    • Новости
    • Јавен повик
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 30.05.2025
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 29.01.2025
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 19.11.2024
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (24.07.2024)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (29.05.2024)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 31.08.2023
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (30.05.2023)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 23.03.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.01.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 22.11.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 26.07.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.12.2021
      • Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници по пат на јавна понуда
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (31.05.2022)
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (21.05.2021)
    • Интерни акти
    • Преглед на референтни каматни стапки
    • Односи со инвеститори
    • Отворено банкарство (PSD2)
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
    • Финансиска едукација
    • Кредити
      • Кредитен пакет "Доверба"
      • Кредитен пакет „Доверба - Македонски Полициски Синдикат МПС“
      • Станбен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Хипотекарен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Стандарден потрошувачки кредит
      • Кредитен пакет за пензионери
      • Автомобилски кредит
      • Автомобилски кредит во соработка со М Кар и Стар Моторс дооел Скопје
      • Кредит обезбеден со паричен депозит
      • Експрес кредит со залог на злато
      • Земјоделски кредит- Агро техника
      • Бескаматен кредит
      • Банкарски гаранции за физички лица
      • Тарифа на надоместоци за услугите кредитирање на населеие
      • Целосна тарифа важечка од 01.10.2024
    • Депозити
      • Стандарден депозит
      • Хит депозит
      • Отворен депозит
      • Рентен депозит
      • Детско штедење
      • Депозит по видување
      • Супер депозит
    • Платежни картички
      • Дебитни картички
      • Кредитни картички
      • СМС Известување
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти
    • Споредете ги надоместоците за платежни услуги (nbrm.mk)
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Мобилно банкарство CCB Mobile
    • Western Union
    • Сефови
    • Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
    • Образец за пријава на поплаки и пофалби од клиенти на ЦКБ АД Скопје
    • DCC exchange list for AТМ
  • ПРАВНИ ЛИЦА
    • Кредити
      • Бизнис кредит „Доверба -овердрафт“
      • Бизнис кредит - Обрт
      • Бизнис кредит - Раст
      • Бизнис кредит - Микро
      • Микро земјоделски кредит
      • Бизнис кредит - Експорт
      • ЦКБ Бизнис кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит
    • Гаранциско работење
    • Депозити
    • Платежни картички
      • Mastercard® Business Card – кредитна картичка
      • Visa Business – кредитна картичка
      • СМС Известување за платежни картички
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Сефови
  • КОНТАКТ
View the entire list
  • JPY | 0.3484 | 0.3884 | 0.3634
  • AUD | 32.4000 | 36.4500 | 34.2409
  • CAD | 36.8000 | 40.8500 | 38.8842
  • GBP | 69.8500 | 74.1000 | 71.7953
  • CHF | 63.4000 | 67.5000 | 65.5236
  • USD | 51.1000 | 55.3000 | 53.6149
  • EUR | 61.3000 | 61.8000 | 61.5070
  • JPY | 0.3484 | 0.3884 | 0.3634
  • AUD | 32.4000 | 36.4500 | 34.2409
  • CAD | 36.8000 | 40.8500 | 38.8842

1

2

3

Анкета
Вашето мислење е најважно за нас!

Новости


Септември 2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии

9/30/2024

Средствата по основ на пензии за месец септември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.10.2024 година.   Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.10.2024 година.   Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје

Известување за неработен ден

9/6/2024

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека по повод претстојниот празник,  Ден на независноста, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на датум 09.09.2024 (понеделник).    Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!

9/5/2024

Зошто да излегуваш и да носиш торби за пазарење кога не мораш? Нарачај онлајн на Paket.mk и не само што пакетот ќе ти биде доставен на твојата адреса, туку и ќе добиеш мало изненадување од Visa! Секогаш кога ќе направиш сметка еднаква или повисока од 2.000 денари и ќе ја платиш со твојата ЦКБ Visa картичка, добиваш 20% попуст! Ете, толку е лесно!   *Понудата важи до 31.10.2024 година или до целосно искористување на средствата наменети за промоцијата. Попустот од кампањата не се применува за производите кои веќе се на попуст.   За повеќе информации посетете: https://www.visasoutheasteurope.com/maced.../promotions.html

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!

9/5/2024

Среда е омилениот ден за кино, а со Cineplexx и Visa картичките уживањето во филмовите е двапати поголемо! Избери филм по мерка, од актуелниот Cineplexx репертоар, плати ја картата со ЦКБ Visa картичката и втората ја добиваш како подарок. Не пропуштај ја можноста секоја среда да ги следиш авантурите на омилените филмски херои на големото платно во Cineplexx и максимално искористи ги сите можности који ти ги нуди Visa.   *Понудата важи од 01.09.2024. до 31.12.2024. или до истекување на средствата предвидени за промоцијата.   За повеќе информации погледнете: https://www.visasoutheasteurope.com/maced.../promotions.html

Известување за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец август

9/5/2024

Средствата по основ на примања од социјални права за месец август ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 05.09.2024 година (четврток).   Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.09.2024.           Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:   - 05.09.2024  ([IN1] четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; - 06.09.2024 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје    [IN1]

Оглас за вработување

9/2/2024

Централна кооперативна банка АД Скопје, поради понатамошен развој и зголемен обем на работа вработува лица на работно место Соработник за сметководство и финансиско известување во Скопје.    Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок   За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на: воведување и верификација на налози за книжење поврзани со трансакции од приливи/одливи на жиро сметка на банката; извршување на задачи поврзани со водење, контрола и книжење на влезни документи (фактури, договори.); изготвување на излезни фактури и нивно сметководствено евидентирање; спроведувањето на книжењата за разликите утврдени со периодичните и годишните пописи на активата и пасивата во книгите на Банката; врши секојдневна контрола на сметководствените операции, а по потреба составува корективни сметководствени налози; составува сметководствени налози при стекнување, пренос и отпис на основни средства, врз основа на доставени приемници, преносници, записници и одлуки за расход; се грижи за хронолошко архивирање на сметководствената документација согласно интерните процедури на Банката; извршува и други работни задачи, согласно со работното место.   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања: -         Најмалку високо образование од областа на сметководство и ревизија или апсолвенти -         Без работно искуство; -         Познавање на Excel и работа со компјутери. -         Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -         Желба за учење и самонадградување; -         Лојалност и одговорност -         Позитивен приод кон работата.   За ова работнo местo предвидена е основна нето плата конкурента на пазарот како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.   Огласот ќе биде активен заклучно со 10.09.2024 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.   Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308     

Август 2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии

8/30/2024

Средствата по основ на пензии за месец август ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 02.09.2024 година.   Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 02.09.2024 година.   Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје

Известување за неработен ден

8/27/2024

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)”,     експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум 28.08.2024 (среда).   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за нова локација на банкомат на ЦКБ

8/27/2024

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека ЦКБ постави нов банкомат на следната локација: во трговски центар Вел Мол, ул.Благој Ѓорев бр.108, Велес.   Со почит,  Централна кооперативна Банка АД Скопје

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!

8/8/2024

Уживајте во познатите вкусови или откријте ги вашите нови гастрономски фаворити – Visa и Korpa.mk ви нудат толку многу можности за уживање! Среда, четврток и петок стануваат денови кога знаете дека добивате 15% попуст на нарачките од платформата korpa.mk за плаќања со ЦКБ Visa картичките.   *Вкупниот износ на рефундирањето ќе ви биде вратен во форма на кредити на вашата корисничка сметка на Korpa.mk.**Понудата важи до 15.8.2024 година или до целосно искористување на средствата предвидени за промоцијата. Повеќе информации за оваа понуда се достапни на линкот: https://www.visasoutheasteurope.com/macedonia/promotions.html  

Известување за неработен ден

8/1/2024

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Ден на Републиката”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:   -     02.08.2024 година (петок).   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

ЦКБ АД Скопје со најповолни услови на пазарот за девизни дознаки во евра, спроведени преку TARGET2 - Промотивно до 31.12.2024 година

8/1/2024

Почитувани клиенти, корисници на девизни дознаки,   Со задоволство Ве информираме дека Централна кооперативна банка АД Скопје воведе најповолни промотивни услови на пазарот - за девизни дознаки во евра спроведени преку TARGET2 односно за сите клиенти кои дозначуваат средства кон банки учесници во TARGET2 со опција SHA/BEN по тарифа со фиксни 250 МКД за дознаки реализирани преку CCB online/mobile или со фиксни 500 МКД реализирани преку Експозитурите на Банката. Системот TARGET2 е платен систем на Еврозоната и негови членки се сите земји од Европската Унија и Европската економска област (European Economic Area EEA) - како директни учесници.  Како индиректни учесници вклучени се бројни други банки од Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Кина,Турција, САД и други држави, односно потенцијалот за спроведување плаќања е кон повеќе од 52 илјади банки во светот.   Кои се предности на плаќањата извршени преку системот TARGET2: Тарифата е најниска во однос на сите банки во Македонија - за извршување на EUR плаќања, само кон учесници на TARGET2, Во процесот нема коресподентски банки односно се избегнува подолгото време на процесирање, Плаќањето е брзо – во рок до  5 минути средствата се во банката на корисникот, Веднаш се спроведува порамнување со банката на корисникот, доколку истата е членка на TARGET2, Плаќањето е сигурно - се работи за Европски централизиран и постојан платен систем, Клиентот односно Налогодавачот добива  можност за плаќања преку  најефтин канал бидејќи нема високи дополнителни  трошоци од коресподентни банки врз износот на дознаката, Примачот добива износ намален за минимални  трошоци (3 еур  и трошоци од банката на корисникот - доколку такви  постојат).

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец јули

8/1/2024

Средствата по основ на примања од социјални права за месец јули ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 05.08.2024 година (понеделник).   Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.08.2024.           Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:   -  05.08.2024  (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; -  06.08.2024 (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје

Јули 2024


ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии

7/31/2024

Средствата по основ на пензии за месец јули ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.08.2024 година.   Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.08.2024 година.   Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје

Известување за ажурирање на податоци

7/31/2024

Почитувани клиенти,   Согласно одредбите од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Централна кооперативна банка АД Скопје Ве информира за обврската за ажурирање на податоците на своите клиенти, физички и правни лица, кои имаат сметки во Банката и кои сеуште не доставиле ажурирани податоци, истото да го направат во најскоро време во најблиската експозитура на Банката.  Доколку податоците за клиентот не се ажурирани, работењето со сметките не ќе може да се одвива непречено, се додека не бидат ажурирани неговите податоци во Банката.          Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на Апликација за идентификација/ажурирање на клиент. За потврдување на идентитетот, клиентот физичко или правно лице потребно е да приложи валидни документи за идентификација (важечка лична карта или патна исправа за резиденти физички лица, патна исправа за нерезиденти физички лица, тековна состојба не постара од 3 месеци за правни лица), како и соодветна документација за утврдување на вистинскиот сопственик за правни лица. Ажурирањето на податоците е во интерес на клиентите, бидејќи Банката ќе биде во можност да носи правилни одлуки базирани на валидни информации во однос на барањата на клиентите. Доколку податоците се ажурирани, Банката ќе може навремено и на точни адресни податоци да ги доставува месечните/годишните извештаи, известувања и дополнителни материјали со кои се олеснува соработката меѓу клиентите и Банката.   Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје

Оглас за вработување

7/10/2024

Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лицe во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Стручен соработник – Систем администратор   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа) Неделно работно време: понеделник – петок Работен однос на неопределено време.   За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на: -        Администрирање на Windows сервери и пратечки сервиси (domain controller, DNS, Group policy, DHCP, Active Directory), -        Работно искуство со серверска инфраструктура базирана на Linux/Windows оперативни системи -        Одржување на виртуелната инфраструктура; -        Инсталирање, конфигурација и одржување на оперативни системи и системски продукти; -        Имплементација, организација, оптимизација на перформанси и справување со системски  проблеми, оперативни системи и системските продукти; -        Следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на компјутерските системи и предлагање на промени и подобрувања; -        Превземање на мерки за обезбедување на достапност на системските сервиси (service uptime), работи на отстранување  на проблемите и замена на делови; -        Врши надоградба на системот и софтверските пакети со нови верзии или тековните со отстранети недостатоци; -        Одговорност  за извршување на дневни бекап операции, осигурувајќи дека сите потребни системски фајлови и системски податоци се успешно копирани на соодветен резервен медиум и доставени; -        Планирање и старателство на употребата на носителите на податоци; -        Изработка на безбедносни копии и обновување; -        Изработка на анализи и следење на работата на системските сервиси и информатичките системи; -        Координирање, следење и надзор на работните процеси на групата за хардвер и системски софвер; -        Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри; -        Мониторинг на работата и перформансите на серверите и ажурирање на нивната техничка документација; -        Развој, имплементација и одржување на нови и постоечки IT сервиси; -        Изработка на упатства, прирачници, процедури и стандарди;   Избраниот кандидат треба да поседува: -         Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки; -         Потребно работно искуство минимум од 2 години; -         Познавање на Linux OS и Oracle Database ќе се смета за предност -         Напредно познавање на Windows server OS, Microsoft  services(AD, PowerShell, Exchange, MS SQL, Oracle, DNS , DHCP, …); -         Работно искуство со технлогиите за виртуализација -         Mотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии; -         Познавање на методи и техники за администрација, управување со проекти и администрација, познавање на банкарско работење и релевантни информациони технологии и Microsoft сертификати ќе се сметаат за предност -         Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -         Одлични комуникациски способности; -         Позитивен приод кон работата; -         Висок степен на прецизност; -         Возачка довола; -         Познавање на англиски јазик. За ова работнo места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.   Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk во кое задолжително треба да наведете за кое работно место аплицирате.   Огласот ќе биде активен заклучно со 20.07.2024 година.     Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308     

Оглас за вработување

7/10/2024

Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лице на работно место Стручен соработник -  Aдминистрирање на мрежи и сигурност.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок Работен однос на неопределено време.   За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на: -        Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура -        Конфигурација и одржување на мрежни уреди и комуникациски врски -        Мониторинг, контрола и оптимизација на перформансите на комуникациските врски -        Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips) -        Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри -        Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура -        Администрирање и извршување на регуларни резервни копии -        Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација -        Искуство во одржување на комуникациски врски и мрежни адресни шеми, мониторинг и оптимизација на перформанси на комуникациски врски -        Искуство во дефинирање на права на пристап на мрежно ниво и безбедност на -        компјутерски мрежи -        Предлага нови технологии, прави соодветна анализа извештаи -        Подршка за одредени клиенти во банката -        Електронско банкарство и мобилно подршка   Избраниот кандидат треба да поседува: -         Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии    -         Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -         Конфигурација и интеграција на нова мрежна опрема во постоечката инфраструктура -         Искуство со network security, LAN, WAN, FW, VPN и VoIP -         Познавање на динамички рутирачки протоколи (BGR,OSPF,EIGRP) -         Пожелно е искуство во работа со Cisco, CheckPoint, Sophos, Microtik, Fortinet технологии -         Позитивен приод кон работата; -         Претходно работно искуство со мрежни инфраструктури ќе се смета за предност.   Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.   Огласот ќе биде активен заклучно со 20.07.2024 година.     Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308     

Оглас за вработување

7/9/2024

Централна кооперативна банка АД Скопје, поради понатамошен развој и зголемен обем на работа вработува лица на работно место Соработник за сметководство и финансиско известување во Скопје.    Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок   За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на: воведување и верификација на налози за книжење поврзани со трансакции од приливи/одливи на жиро сметка на банката; извршување на задачи поврзани со водење, контрола и книжење на влезни документи (фактури, договори..); месечни пресметки и сметководствени операции за амортизација на основните средствата на банката; пресметка на даноци и поднесување на даночни пресметки во УЈП системите; изготвување на излезни фактури и нивно сметководствено евидентирање; спроведувањето на книжењата за разликите утврдени со периодичните и годишните пописи на активата и пасивата во книгите на Банката; врши секојдневна контрола на сметководствените операции, а по потреба составува корективни сметководствени налози; составува сметководствени налози при стекнување, пренос и отпис на основни средства, врз основа на доставени приемници, преносници, записници и одлуки за расход; се грижи за хронолошко архивирање на сметководствената документација согласно интерните процедури на Банката; изготвува извештаи  за потребите на интерни и екстерни корисници од областа на сметководство согласно со МСФИ стандардите; извршува и други работни задачи, согласно со работното место.   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања: -         Најмалку високо образование од областа на економските науки (сметководство или ревизија –ќе се сметка за предност ) -         Минимум 1 година релевантно работно искуство од областа на финансии; -         Позанавање од областа на сметководствени стандарди и даночна регулатива (ќе се смета за предност) -         Напредно познавање на Excel и работа со компјутери. -         Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -         Аналитички способности, искуство во анализа на финансиски извештаи ќе се смета за предност -         Желба за учење и самонадградување; -         Способност за работа под притисок и со утврдени временски рокови; -         Лојалност и одговорност -         Позитивен приод кон работата; -         Висок степен на прецизност.   За ова работнo местo предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.   Огласот ќе биде активен заклучно со 20.07.2024 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.   Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308     

Промотивно за сите корисници на ЦКБ PREMIUM MASTERCARD картички!

7/5/2024

Со програмата “Mastercard Travel Rewards Premium“ автоматски добивате дел од износот назад кога купувате кај нашите специјално избрани трговци во странство или онлајн со ЦКБ Mastercard Gold, Platinum и World картичките. Погледнете го изборот на трговци и целосните услови на: https://mtr.mastercardservices.com/mk/c/Macedonia    

Промотивно за сите корисници на ЦКБ MASTERCARD картички!

7/4/2024

Уживај во омилената храна секој прв викенд во месецот, од јули до октомври, и добиј до 10% поврат на средства при плаќање со твојата картичка ЦКБ Mastercard®. Средствата ќе бидат префрлени на твојата картичка за само неколку дена, без никаква регистрација.   *Промотивната кампања важи за трансакции извршени за време на четири викенди (6-7.7.2024, 3-4.8.2024, 7-8.9.2024, 5-6.10.2024 г.) кај домашни и странски кулинарски трговци: ресторани, брза храна, кетеринг, слаткарници, барови (супермаркетите се исклучени). Учествуваат картичките Mastercard® издадени од банки и финансиски институции во Северна Македонија – дебитни, кредитни и припејд картички (комерцијалните картички се исклучени). За едно или повеќе купувања направени во текот на еден викенд со картичка Mastercard, сопственикот ќе добие одделни поврати на средства, но нивната вкупна сума не може да надмине 2 000 МКД по викенд.

Оглас за вработување

7/3/2024

Централна кооперативна банка АД Скопје, поради понатамошен развој и зголемен обем на работа вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.    Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања: -         Најмалку високо образование од областа на економските науки; -         Солидно познавање на англиски јазик; -         Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.   Избраниот кандидат треба да поседува: -         Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -         Одлични комуникациски способности; -         Позитивен приод кон работата; -         Висок степен на прецизност.   За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.   Огласот ќе биде активен заклучно со 20.07.2024 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.   Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308     

Централна Кооперативна Банка АД Скопје доби благодарница од Општина Кисела Вода

7/2/2024

На свечената седница по повод 69-от роденден на Општина Кисела Вода, на Централна Кооперативна Банка АД Скопје и беше доделена статуетка - благодарница за трајни заслуги во развојот и афирмацијата на општината, преку заеднички акции и спонзорства.

  • Предходна
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
  • 32
  • 33
  • 34
  • 35
  • 36
  • 37
  • 38
  • 39
  • 40
  • 41
  • 42
  • 43
  • 44
  • 45
  • 46
  • Следна


ckb footer logo

icon 1

Str. 1732 No. 2, 1000 Skopje

icon 2

02/3249-300

icon 3 info@ccbank.mk


  • ЗА НАС
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
  • ПРАВНИ ЛИЦА
  • КОНТАКТ


  • facebook
  • instagram

© 2014 Central Cooperative Bank AD Skopje

semos


Currency converter

* Fill in all the fields above before you run the calculation.

Calculate Delete

Дали сте задоволни од професионалноста и љубезноста на вработените во ЦКБ?

Гласај

Site ATMs

Map of Branches