ccb logo
  • ЗА НАС
    • За ЦКБ АД Скопје
    • За ЦКБ АД Софија
    • Организациона шема
    • Деловна мрежа и работно време
    • Раководство
    • Извештаи за банката
      • Финансиски извештаи
      • Извештаи и податоци
      • Кредитен Реитинг ЦКБ АД Скопје - БАКР АД Софија
    • Меѓународна коресподенција
    • Заштита на лични податоци
    • Новости
    • Јавен повик
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 27.05.2026
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 30.05.2025
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 29.01.2025
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 19.11.2024
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (24.07.2024)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (29.05.2024)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 31.08.2023
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (30.05.2023)
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 23.03.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.01.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 22.11.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 26.07.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.12.2021
      • Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници по пат на јавна понуда
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (31.05.2022)
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (21.05.2021)
    • Интерни акти
    • Преглед на референтни каматни стапки
    • Односи со инвеститори
    • Отворено банкарство (PSD2)
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
    • Финансиска едукација
    • Споредбени табели НБРМ
    • Кредити
      • Кредитен пакет "Доверба"
      • Кредитен пакет „Доверба - Македонски Полициски Синдикат МПС“
      • Станбен кредит „НАШ ПРВ ДОМ“
      • Станбен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Хипотекарен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Стандарден потрошувачки кредит
      • Кредитен пакет за пензионери
      • Автомобилски кредит
      • Автомобилски кредит во соработка со М Кар и Стар Моторс дооел Скопје
      • Кредит обезбеден со паричен депозит
      • Експрес кредит со залог на злато
      • Земјоделски кредит- Агро техника
      • Бескаматен кредит
      • Банкарски гаранции за физички лица
    • Депозити
      • Стандарден депозит
      • Хит депозит
      • Отворен депозит
      • Рентен депозит
      • Детско штедење
      • Депозит по видување
      • Супер депозит
    • Платежни картички
      • Дебитни картички
      • Кредитни картички
      • СМС Известување
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти
    • Споредете ги надоместоците за платежни услуги (nbrm.mk)
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Мобилно банкарство CCB Mobile
    • Western Union
    • Сефови
    • Инвестициско злато
    • Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
    • Информации и образец за пријава на поплаки и пофалби од клиенти на ЦКБ АД Скопје
    • DCC exchange list for AТМ
  • ПРАВНИ ЛИЦА
    • Кредити
      • Бизнис кредит „Доверба -овердрафт“
      • Бизнис кредит - Обрт
      • Бизнис кредит - Раст
      • Бизнис кредит - Микро
      • Микро земјоделски кредит
      • Бизнис кредит - Експорт
      • ЦКБ Бизнис кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит
    • Гаранциско работење
    • Депозити
    • Платежни картички
      • Mastercard® Business Card – кредитна картичка
      • Visa Business – кредитна картичка
      • СМС Известување за платежни картички
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Сефови
  • КОНТАКТ
View the entire list
  • CAD | 36.2000 | 40.2000 | 38.2243
  • CHF | 64.8000 | 68.9500 | 66.8521
  • GBP | 69.3000 | 73.5000 | 71.4054
  • AUD | 35.4500 | 39.5000 | 37.3896
  • JPY | 0.3178 | 0.3478 | 0.3328
  • USD | 51.2000 | 55.4000 | 53.4318
  • EUR | 61.3000 | 61.8000 | 61.6443
  • CAD | 36.2000 | 40.2000 | 38.2243
  • CHF | 64.8000 | 68.9500 | 66.8521
  • GBP | 69.3000 | 73.5000 | 71.4054

1

2

3

Анкета
Вашето мислење е најважно за нас!

Новости


Јуни 2020


ИЗВЕСТУВАЊЕ за предвремена исплата на пензии

6/24/2020

Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец јуни ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 26.06.2020 година.   Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 26.06.2020.           Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи: 1. До 11.000 денари                   26.06.2020г. (петок) 2. 11.001-14.000 денари           29.06.2020г. (понеделник) 3. 14.001-18.000 денари           30.06.2020г. (вторник) 4. Над 18.001 денари                 01.07.2020г. (среда)   Со почит, Централна кооперативна банка ад Скопје

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!

6/23/2020

Почитувани клиенти,   Искористете попуст од 100 денари за секоја нарачка на kliknijadi.mk платена со ЦКБ Visa картичка. Исто така добивате бесплатна достава, без дополнителни трошоци.   * Понудата трае до 31 август 2020 година.   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје  

ИЗВЕСТУВАЊЕ за преземање домашна картичка на корисници на финансиска подршка

6/19/2020

Почитувани,   Доколку сте примател на финансиска поддршка согласно Уредбата на Владата на РСМ, а по проверката на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk, утврдите дека Банка издавач на Вашата домашна платежна картичка е Централна кооперативна банка АД Скопје, во насока на поголема заштита и избегнување на преголема посетеност во експозитурите,  Ве молиме да ги следите следните инструкции и информации: Банката ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури низ Република Северна Македонија; Картичките ќе бидат распределени по експозитури во градовите согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка; Примателите на финансиска поддршка со адреса во Скопје, картичката ќе може да ја подигнат во експозитурата на Банката лоцирана кај Градски стадион; Банката ќе Ве исконтактира кога картичката ќе биде изработена и може да ја подигнете; Доколку Вашите податоци не се ажурирани, Ве молиме ажурирањето да го направите во експозитурата каде сте регистрирани како клиент на Банката; На следниот линк можете да ги видите локациите и работното време на експозитурите на Банката www.ccbank.mk ; При посета на експозитурата за превземање на картичката, задолжително со себе да носите валиден документ за идентификација (лична карта или пасош); Доколку корисник на домашна платежна картичка е малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ - извод од матична книга на родени; Во интерес на Вашата безбеденост и безбедноста на вработените во експозитурите на Банката, Ве молиме да ги почитувате мерките за спречување на пренесување на covid-19 (задолжително носење на заштитна маска како и физичко дистанцирање) Повеќе информации во врска со издавањето на домашните картички може да добиете на телефонскиот број 02/3249-342.   Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за издавање домашна картичка на корисници на финансиска подршка

6/8/2020

Почитувани, Согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.137 од 27.05.2020 година) и Договорот за издавање на домашна платежна картичка склучен склучен помеѓу Централна кооперативна банка АД Скопје и Владата на Република Северна Македонија, Банката ќе издава домашна платежна картичка, на чија поврзана сметка ќе се исплатува финасиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од covid-19, а со цел поттикнување на приватната потрошувачка и купувањето македонски производи и услуги во услови на намалена економска активност условена од здравствено економската криза предизвикана од вирусот covid-19, исплатена од Буџетот на Република Северна Македонија преку Владината програма П1-Мерки за справување со covid-19 кризата. Како примател на финансиска поддршка согласно Уредбата, Ве молиме посетете ја интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk , на која со внесувањето на Вашиот матичен број (ЕМБГ), може да проверите во која банка ќе Ви биде издадена домашната платежна картичка. Доколку по проверката, утврдите дека Банка издавач на Вашата домашна платежна картичка е Централна кооперативна банка АД Скопје, во насока на поголема заштита и избегнување на преголема посетеност во експозитурите,  Ве молиме да ги следите следните инструкции и информации: Банката ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури низ Република Северна Македонија; Картичките ќе бидат распределени по експозитури во градовите согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка; Банката ќе Ве исконтактира кога картичката ќе биде изработена и може да ја подигнете; На следниот линк можете да ги видите локациите и работното време на експозитурите на Банката www.ccbank.mk ; При посета на експозитурата за превземање на картичката, задолжително со себе да носите валиден документ за идентификација (лична карта или пасош); Доколку корисник на домашна платежна картичка е малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ - извод од матична книга на родени; Во интерес на Вашата безбеденост и безбедноста на вработените во експозитурите на Банката, Ве молиме да ги почитувате мерките за спречување на пренесување на covid-19 (задолжително носење на заштитна маска како и физичко дистанцирање). Со почит, Централна кооперативна банка АД Скопје

Известување за неработен ден

6/4/2020

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека по повод претстојниот празник Духовден, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на датум 05.06.2020 (петок).   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

Оглас за вработување

6/3/2020

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.    Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.   Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот Неделно работно време: понеделник – петок   Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања: -          Најмалку високо образование од областа на економските науки; -          Солидно познавање на англиски јазик; -          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.   Избраниот кандидат треба да поседува: -          Работно искуство најмалку 1 година; -          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување; -          Одлични комуникациски способности; -          Позитивен приод кон работата; -          Висок степен на прецизност.   За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.   Огласот ќе биде активен заклучно со 09.06.2020 година.   Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката. Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.   Централна кооперативна банка АД Скопје Ул. 1732 бр. 2 1000 Скопје Р. Македонија Email: hr@ccbank.mk Тел. (02) 3 249 308

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец мај

6/1/2020

     Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец мај ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 02.06.2020 година.   Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 02.06.2020.           Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 3 групи: 1. 02.06.2020г. (вторник) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; 2.03.06.2020г. (среда) - И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; 3. 04.06.2020г. (четврток) - П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.   Со почит, Централна кооперативна банка ад Скопје         

Мај 2020


Известување за неработен ден

5/22/2020

Почитувани клиенти,    Ве известуваме дека по повод претстојните државни празници, Ден на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј” и празникот Рамазан Бајрам, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат во понеделник (25.05.2020 година).     Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје  

Известување за предвремена исплата на пензии за месец мај

5/22/2020

Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец мај ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 27.05.2020 година.    Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 27.05.2020.    Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:  1. До 11.000 денари                     27.05.2020г. (среда) 2. 11.001-14.000 денари           28.05.2020г. (четврток) 3. 14.001-18.000 денари           29.05.2020г. (петок) 4. Над 18.001 денари                  01.06.2020г. (понеделник)    Со почит,  Централна кооперативна банка ад Скопје 

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!

5/19/2020

Почитувани,   Со задоволство ве известуваме за соработката со kliknijadi.mk, позната компанија за достава на храна, во која што сите корисници на ЦКБ Visa картички ќе имаат придобивки. Со секоја нарачка на kliknijadi.mk во периодот од 20. мај до 31. август 2020год платена со ЦКБ Visa картичка добивате бесплатна достава, без дополнителни трошоци.   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за клиентите на ЦКБ АД Скопје

5/4/2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита          Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец април ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.05.2020 година.   Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 04.05.2020.           Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 4 групи:   1. А-Д          04.05.2020г. (понеделник) 2. Ѓ-Л           05.05.2020г. (вторник) 3. Љ-Р         06.05.2020г. (среда) 4. С-Ш         07.05.2020г. (четврток)   Со почит, Централна кооперативна банка ад Скопје         

Април 2020


Известување за неработен ден

4/30/2020

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека по повод претстојнииот празник, Ден на трудот, експозитурите на Банката нема да работат на датум: -    01.05.2020 (петок).   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за корисниците на кредитни картички на ЦКБ

4/30/2020

Почитувани,   Во насока на колективните напори за зголемена здравствена превенција, истовремено водејќи грижа за вашето здравје и здравјето на нашите вработени, ви овозможуваме полесен и побезбеден пристап до готовина. Во периодот од 30. април до 14. мај 2020 година, подигнувањето на готовина со вашите ЦКБ кредитни картички за физички лица, на банкоматите на Банката – ќе биде без провизија!   Со почит, ЦКБ АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за клиентите на ЦКБ АД Скопје

4/23/2020

Почитувани, Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец април ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 24.04.2020 година. Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 24.04.2020 година. Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи: 1. До 11.000 денари                 27.04.2020г. (понеделник) 2. 11.001-14.000 денари           28.04.2020г. (вторник) 3. 14.001-18.000 денари           29.04.2020г. (среда) 4. Над 18.001 денари               30.04.2020г. (четврток)   Со почит, Централна кооперативна банка ад Скопје         

Известување за неработен ден

4/16/2020

Почитувани клиенти,    Ве известуваме дека по повод претстојните Велигденски празници, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на следните датуми:  17.04.2020 (петок) и;  20.04.2020 (понеделник).    Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје  

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВРШЕНА ЈАВНА ПОНУДА

4/14/2020

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека ЈАВНАТА ПОНУДА за промена на договорните услови на кредитните производи на клиентите на Банката – физички лица, објавена на ден 03.04.2020 година е ЗАВРШЕНА.   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за корисниците на кредитни картички на ЦКБ

4/9/2020

Почитувани,   Во насока на колективните напори за зголемена здравствена превенција, истовремено водејќи грижа за вашето здравје и здравјето на нашите вработени, ви овозможуваме полесен и побезбеден пристап до готовина. Во периодот од 10. април до 29. април 2020 година, подигнувањето на готовина со вашите ЦКБ кредитни картички за физички лица, на банкоматите на Банката – ќе биде без провизија!   Со почит, ЦКБ АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за корисниците на Mastercard® на ЦКБ

4/9/2020

Почитувани клиенти,   Ве известуваме дека ЦКБ го зголеми износот на бесконтактните трансакции со ЦКБ Mastercard® картичките. Досегашниот износ од 750 МКД е зголемен на 2.000 МКД. Без внесување на ПИН, ќе може да се плаќа за сите износи до 2.000 мкд.   Со почит,  Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за скратено работно време

4/8/2020

Почитувани,   Врз основа на Одлуката за изменa на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија (Сл.Весник на РСМ бр.92 од 06.04.2020 година) се определува работно време на организационите единици и делови во Банката и тоа: За сите организациони единици и делови во Банката работното време започнува во 08:00 часот и завршува 14:30 часот, освен за Филијала Куманово каде работното време започнува во 07:30 часот и завршува во 14:30 часот. Организационите единици и делови на Банката во сабота нема да работат.   Со почит, Централна кооперативна Банка АД Скопје    

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНУДА

4/3/2020

Почитувани клиенти, Ве известуваме дека на ден 03.04.2020 година, Централна кооперативна банка АД Скопје огласи ЈАВНА ПОНУДА за промена на договорните услови на кредитните производи на клиентите на Банката – физички лица. Со огласување на Јавната понуда на официјалната интернет страница на Банката, истата се смета за формално доставена до сите клиенти на Банката - физички лица. Јавната понуда се однесува на сите клиенти физички лица, кои користат кредитни изложености во Банката, а кои заклучно со 29.02.2020 година ги отплаќаат своите месечни обврски без доцнење односно се класифицирани во категорија на ризик буква А, Б или В и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност . Понудата опфаќа одложување на отплатата на сите кредитни изложености по кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања за период од 6 (шест) месеци, сметано од 13.04.2020 година и продолжување на рокот на крајното достасување за дополнителни 6 (шест) месеци. Целосната содржина на Јавната понуда, со сите детали за начинот на нејзино прифаќање и одбивање, може да се најде на следниот линк: ЈАВНА ПОНУДА за промена на договорните услови на кредитните производи на клиентите на Банката – физички лица Ве повикуваме детално да се запознаете со целосната содржина на огласената понуда. На сите клиенти кои ќе оценат дека имаат доволен финансиски капацитет за пребродување на кризата, им препорачуваме да продолжат со редовна отплата на своите месечни обврски. Ги повикуваме сите наши клиенти физички лица за кои оваа понуда не важи, а кои имаат потреба од промена во начинот на сервисирање на обврските,  да се обратат во некоја од деловните единици на Банката, со цел да се разгледаат сите опции.  Ги замолуваме членовите на семејствата на нашите повозрасни клиенти - кои не користат интернет, да им помогнат на истите во презентација на содржината на понудата и начинот на нејзино прифаќање или одбивање. Преку оваа јавна понуда Банката се вклучува во колективните напори за полесно надминување на последиците од актуелната криза. Со желба со здружени сили да победиме во заедничката борба за нашето здравје, ви посакуваме секое добро на вас и на вашите семејства.   Централна кооперативна Банка АД Скопје   

  • Предходна
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
  • 32
  • 33
  • 34
  • 35
  • 36
  • 37
  • 38
  • 39
  • 40
  • 41
  • 42
  • 43
  • 44
  • 45
  • 46
  • 47
  • 48
  • 49
  • 50
  • Следна


ckb footer logo

icon 1

Str. 1732 No. 2, 1000 Skopje

icon 2

02/3249-300

icon 3 info@ccbank.mk


  • ЗА НАС
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
  • ПРАВНИ ЛИЦА
  • КОНТАКТ


  • facebook
  • instagram

© 2014 Central Cooperative Bank AD Skopje

semos


Currency converter

* Fill in all the fields above before you run the calculation.

Calculate Delete

Дали сте задоволни од професионалноста и љубезноста на вработените во ЦКБ?

Гласај

Site ATMs

Map of Branches